Животот е тежок, но Бог е добар: Овие 6 вистини никогаш не ги заборавајте!

Loading...

Животот навистина е тежок. За некои, невозможно тежок. Но без оглед со која олуја се соочувате, никогаш не заборавајте дека Бог е добар. Никогаш.
Еве неколку посетувања дека Бог е добар:
1. Бог нас ни дал слободна волја
Откако Адам и Ева го направија својот избор во преубавата градина, животот им станал подложен на промени. Но можеби и ние денес би го направиле истиот избор да сме на нивно место. Сите сакаме да одиме по тој пат. Кога еднаш одбрале да го пробаат тоа овошје, целата игра се променила. Пред падот, Бог се грижел за секоја нивна потреба. Немало болести,ни смрт, само две личности кои уживаат во својата работа и зависност од Бог. Тоа е прекрасна слика за Божјата љубов. Пред падот, животот не бил тежок. Но Бог му дал на чобекои избор – слободна волја.
И денес имаме слободна волја. Сакаме да донесуваме одлуки. Бидејќи не живееме во вечноста работите стануваат потешки, дали поради нашите одлуки или поради туѓите, сепак тешките времиња постојат.
2. Бог никогаш нема да не остави
Бог не ни ветил дека ќе биде лесно. Но ни ветил дека ќе биде со нас.Без оглед на тоа низ што и да поминуваме не треба да заборавиме дека Тој е со нас и ќе ни помогне во се.
3. Бог ни дава милост
Бог има посебен дар кој ни го дава кога доаѓаат тешки времиња. Апостол Павле се молел Бог да му го отстрани оној трн кој му сметал , но Бог наместо тоа му дал милост. Божјата милост не оспособува да правиме некои работи за кои мислиме дека е невозможно да се направат.
4. Бог го победил светот
Бог во Библијата ни кажува дека ќе поминеме низ тешки времиња .Овој свет е полн со неволји и проблеми. Но Бог вели дека Тој го победил овој свет. Да имаме силна вера дека на сите неволји ќе им дојде крај и дека наскоро повторно Бог ќе ни даде вечен живот.
5. Бог не теши
Во сите болки и страдања Тој е нашиот Утешител. Никој не ја разбира нашата болка како Него. Никој не може да не утеши како Тој. Само Тој знае како ни е и само Тој може да не исцели.
6. Бог има цел со болката
Често се прашуваме зошто мора да страдаме. Бог дозволил Својот Еднороден син да страда за нас. Затоа што многу не сака. Бог има причини кои не ги разбираме. Неговите патишта не се наши патишта. Неговите мисли не се наши мисли.Треба само да имаме доверба во Него. Иако животот е тежок да не заборавиме дека Бог е добар и ќе ни помогне во сите тешкотии.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...