Жител на Флорида го проголта земјата сосе кревет

Loading...

Властите во округот Хилсборо во американската сојузна држава Флорида сé уште не се осмелуваат да пријдат на една куќа во градот Брендон, под која во петокот се формирала голема јама во којашто бил под земјата вовлечен жител заедно со неговиот кревет.Како што јави во петокот телевизиската мрежа CNN, како резултат на пропаѓање на земјиштето под спалната соба на 36-годишниот Џеф Буш се формирала гигантска инка со околу 30 метри во дијаметар. Во само неколку секунди Буш бил вовлечен под земјата. Според братот на жртвата, во прво време од под земјата можело да се чујат повиците за помош, но потоа Џеф престанал да покажува знаци на живот. Според членовите на локалната противпожарна служба, настраданиот Буш починал. пренесува во саботата Associated Press .Во саботата администраторот на округот Хилсборо, Мајк Мерил изјави дека на домот на настраданиот никој не му се приближува, поради стравување од ново пропаѓање на почвата. Според експертите, земјиштето под зградата е многу нестабилно и неговото пропаѓање може да предизвика нови жртви.Според американските медиуми, како мерка на претпазливост сите жители на околните куќи биле евакуирани.
МакфаксВластите во округот Хилсборо во американската сојузна држава Флорида сé уште не се осмелуваат да пријдат

loading...