Осумнаесети пат по ред и денес Франција се подготвува за нов протест на движењето на „Жолтите елеци“. Протестите почнаа пред четири месеци, но во изминатите неколку саботи ослабнаа. До сега загинаа 11 луѓе, главно во инциденти при блокади на демонстрантите.
За време на сите протести вкупно беа повредени 2.200 демонстранти и 1.500 членови на полицијата.