Заборавени љубови: Првата љубов на Цеца кому му посвети еден од своите најголеми хитови

Љубовта помеѓу тогаш популарниот фудбалер на белградска “Црвена Звезда“, Владан Лукиќ (кој со “Звезда“ освои европска и светска титула) и перспективната пејачка Светлана Цеца Величковиќ почна уште во далечната 1989 година кога Цеца во Белград беше на почетокот на својот пат кон ѕвездите.
Во тоа време веќе познатиот фудбалер беше и голем заводник, па приказната за нивната љубов незапирливо ги полнеше страниците на весниците. Дури се зборуваше и дека се верени и наскоро се очекуваше свадба. Владан беше првото момче кое Цеца го покажа во јавност. Но, откако тој во 1990 година замина во војска, љубовта згасна и тие се разделија. Подоцна во нејзиниот живот влезе Аркан, за кого Цеца во 1995 година и се омажи, и со кого ги доби синот Вељко и ќерката Анастасија.

Како што тогаш пишуваа медиумите нејзината песна “Пустите ме да га видим“ му била посветена токму на Владан Лукиќ.

“On je bio ljubav moja
prva suza što je pala
taj sam osmeh na dnu duše
za sav život zaključala

Pustite me da ga vidim
da ga vidim, na tren samo
jer nas dvoje još imamo
jedno drugom, šta da damo

On je bio moja sreća
prvi uzdah što se ote
sad na njega sve podseća
o nesrećni moj živote

Otišo je ne znam kuda
čija li ga ljubav zvala
al’ znam samo da sam njemu
cvet mladosti svoje dala.“
Ако ја преведевме песната ќе ја изгубеше целата смисла, затоа нека остане во оригинал и за секогаш нека потсетува на една голема љубов.

Loading...