ЗАБОРАВЕТЕ ПАТУВАЊА ВО ХРВАТСКА- државата воведе нови правила за Македонците, во Србија регистриран голем број новозаболени

Loading...

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.422.847. Од нив починале 481.441, а оздравеле 5.092.693 луѓе.
– Во Србија се регистрирани 143 нови случаи на заразени со Ковид-19. Нема нови починати.
– Во Косово вчера се потврдени 52 новозаболени од Ковид-19, 39 излекувани и ниту еден починат. Вкупно, од почетокот на пандемијата, евидентирани се 2.268 позитивни на новиот коронавирус, од кои 1.108 излекувани и 38 починати, така што бројката на активни заболени изнесува 1.122. Вчера се извршени 302, а од почетокот на пандемијата, вкупно 22.133 тестирања.
– Словенија од утре ја трга Црна Гора од списокот на Ковид-19 безбедни земји.
– Хрватска донесе одлука да воведе двонеделна самоизолација граѓаните кои влегуваат во земјата од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и од Косово. – Овие луѓе ќе бидат обврзани да поминат 14 дена во самоизолација. Обврската не се однесува на оние кои транзитираат низ овие земји, рече министерот за внатрешни работи и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ на вонредна прес-конференција.


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 22 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број изнесува 2.388, соопшти Националниот штаб, кој реши да ги заостри мерките на границите со земјите од регионот. Во Хрватска се тестирани 73.738 лица од почетокот на епидемијата. Бројот на починати изнесува 107 лица, а активни се 139 случаи.
– Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани осум нови случаи на Ковид-19. Во земјата има 3.310 заразени лица со новиот коронавирус.
– Од направени 1.405 тестови, на Кипар е регистриран само еден нов случај на Ковид-19 од тестирањата по случаен избор на аеродромите. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 991 позитивно лице.
– Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија денеска се зголеми за 154 на вкупно 43.081, објави британската Влада. Велика Британија е трета земја во светот со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по САД и Бразил. Новозаразени се 652 лица, со што вкупниот број достигна 306.862. Британија е петта земја во светот по број на заразени, по САД, Бразил, Русија и Индија.
– Министерството за здравство на Ирак денеска соопшти дека во земјата се пријавени уште 2.200 новозаразени од коронавирус и 79 смртни случаи. Вкупниот број заразени се зголеми на 36.702, додека вкупно 1.330 лица починаа како резултат на вирусот.

loading...