Загадувањето на воздухот руши рекорди, во кои градови Владата ги активира мерките?

Loading...

Скопје, Битола, Тетово и Струмица се градовите во кои Владата ги активира мерките против аерозагадувањето. Трудниците да останат дома, во Скопје од денес во 12 часот јавниот превоз е бесплатен.
Препораките и мерките од Владата ви ги пренесуваме интегрално:
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:
Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.
Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Владата на Република Македонија:
Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:
Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.
Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Министерството за здравство:
Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.
Државниот инспекторат за животна средина:
Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:
Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

loading...