ЗАГИНАА ДВАЈЦА БРАЌА: Чешмата – убиец во битолско до сега има одземено повеќе животи, матурант се угушил на ист начин во 90-тите

Злогласната чешма во месноста Кисела Вода во Битола зеде нови жртви. Овојпат од смртоносниот гас што го испушта изворот се угушија битолчаните А.Н. (68) и К. Н. (63).

Битолската полиција ги негира наводите изнесени во некои социјални медиуми дека жртвите ги изгубиле своите животи во пожар.
Инаку на ово порано култно излетничко место за битолчани досега животот поради труење го имаат загубено  десетина битолчани, но и покрај сите предупредувања ова место никогаш не се заштити.
ЗАГИНАА ДВАЈЦА БРАЌА: Чешмата – убиец во битолско до сега има одземено повеќе животи, матурант се угушил на ист начин во 90-тите

Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица.

За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт.

Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.