Загина француски војник во Мали

Loading...

Еден француски војник е убиен во северно Мали во саботата, соопшти француското претседателство во неделата, со што вкупно тројца француски војници смртно настрадаа во офанзивата покрената на 11-ти јануари против вооружените исламистички групи.„Претседателот  Франсоа Оланд беше многу растажен од веста за смртта на војникот во судирите во саботата навечер во северно Мали“, наведе француското претседателство во соопштението што го цитира AFP.Во текот на саботната операција во којашто загинал францускиот војник најмалку 15 исламистички бунтовници биле „неутрализирани“.Претседателот Оланд ја поздравил храброста на француските војници во судирите против терористичките групи кои се потиснати во планинските област Масив, откако од средината на 2012 година под контрола го држеа целиот северен дел од земјата и се закануваа да напредуваат кон главниот град Бамако.Првиот француско војник кој настрада во Мали беше пилот на хеликоптер кој беше убиен во регионот Севаре во северниот дел од земјата во првите часови од француската интервенција против исламистичките бунтовници, на 19-ти февруари во судири исто така во северните области загина француски легионер
МакфаксЕден француски војник е убиен во северно Мали во саботата, соопшти француското претседателство во неделата, со ш

loading...
Loading...