Загриженоста за еврозоната ја спушти цената на нафтата под 118 долари

Loading...

Цената на барел нафта се спушти во понеделникот под 118 долари за барел, со оглед дека загриженоста за состојбата во економијата на еврозоната ги потисна во втор план неочекувано силниот раст на побарувачката во Кина.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна за 92 центи, на 117,98 долари, а накратко се спушти и до 117,88 долари. На американската берза со барелот се тргува по речиси непроменета цена од петокот, односно по 95,58 долари за барел.Нафтените берзи на крајот на минатата недела ги катапултираше силниот раст на кинеската трговија во јануари. Оваа недела многу азиски пазари ќе бидат затворени поради кинеската Нова година, па се очекува обемот на тргување да биде помал.„Цената на нафтата би можела да се спушти поради изостанување на значителни надворешни фактори, вклучително и изостанок на активностите во Азија“, проценува Мајкл Хјусон од CMC Markets. На почетокот на оваа недела во фокусот одново се најдоа збиднувањата во еврозоната, пред се корупцискиот скандал во Шпанија, кој ја загрозува политичката стабилност на задолжените држави и се поизедначената предизборна трка во Италија.Германија, Франција и Италија оваа недела ќе ги објават најновите проценки за БДП, за кои се очекува да покажат пад на активностите во трите клучни економии. Поради тоа може да се случи растот на цената на нафтата на лондонската берза, кој беше поттикнат од општите позитивни резултатите, да тргне во спротивна насока.
Цената на барел нафта се спушти во понеделникот под 118 долари за барел, со оглед дека загриженоста за состојбата во еконо

loading...
Loading...