Заев знае како избегал Груевски – се скрил во багажник

Во интервју објавено во германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг“ македонскиот премиер Зоран Заев за прв пат открива детали од бегството на екс премиерот Никола Груевски од земјава, па тврди: “Знаеме како Груевски избега од земјата“, пренесе “Дојче веле“.
– Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило, тврди премиерот Заев.
Ова е првпат еден носител на висока политичка функција во земјава да излезе со тврдење и дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати уште на самата граница.