Заев и Борисов ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев и пред споменикот на полковник Каварналиев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.
Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.
Премиерите Заев и Борисов ќе имаат заедничка прес-конференција во медија центарот на Владата по што ќе заминат во црквата „Св. Спас” каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.
Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.