Заев: Не верувам дека Иванов ќе потпише амнестија под името Северна Македонија

„Не верувам дека Иванов ќе потпише амнестија под името Северна Македонија, а ако се дрзне, за 30 дена новиот претседател ќе ја поништи“. Вака одговори во дебатната емисија „КликПлус“ на ТВ“21“ премиерот Заев.
– Не би требало да направи таков удар, би го нарекол смртоносен удар на нашата земја, посебно во време во кое тоа е недозволиво. Ако на крајот на денот се дрзне да направи таква работа, тоа во рок од 30 дена е поништливо. Реформите треба сите да ги спроведеме како еден наш ментален однос кон државата. Да престанат протекции кај судии, кај обвинители, во здравството. Тоа е дисторзија на системот. Повеќе мешање во правосудството нема и не смее да има, вели Заев.

Loading...