Заев: Решен е проблемот на 12. 000 стечајци

“Владата го усвои предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, со кој се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивното пензионирање“, соопштија од Владата.
Како што додаваат од таму со претходните законски решенија и со овој предлог-закон речиси 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивното пензионирање.
-На вчерашната седница на Владата материјално се обезбедија нови 1000 стечајни работници. Со ова и претходните решенија, вкупниот број се искачи на околу 12.000 стечајни работници, кои добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање. – напиша премиерот Зоран Заев на својот Фб профил.

Loading...