Барањата на осумтемина пратеници за Заев се прифатливи, за нивна имплементација ќе се разговара со грчката Влада, а тој се надева дека во телото за помирување ќе партиципира и пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. По средбата со пратеничката група на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска премиерот Заев посочи дека поддршка за амнестија нема ниту од нив.
-Ќе го формираме националното координативно тело кое треба да ги најде начините за помирување. Овде во рамките на невлијание врз правниот систем на државата. Пост фестум откако се се случува да се наметнуваат вакви решенија апсолутно го дерогираат правниот систем на државата – рече Заев.
Тој рече дека остварена е консултативна средба со новата пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за нивните барања во процесот на давање поддршка на отворањето на уставните промени, додавајќи дека разговарале и за четвртата точка, односно за комисијата за помирување.
-Останува да ги димензионираме следните чекори за ова тело кое ќе го предводи Талат Џафери, да има тројца членови од новата пратеничка група и координаторите на сите пратенички групи. Задоволен сум од состанокот и верувам дека ќе успееме да се усогласиме – изјави Заев.