Заев се обрати пред Парламентот, седницата продолжува утре

Loading...

На продолжението на собраниската седница на која на дневен ред се амандманите на Уставот за промена на името, и која започна со доцнење од еден час се обрати само премиерот Зоран Заев, по што претседателот на Парламентот, Талат Џафери ја прекина седницата и ги задолжи службите на пратениците да им подели стенограмска белешка од говорот на Заев, за добро го прочитаат што не било практика до сега. Најавеното гласање за уставни измени со кои ќе се промени Уставното име не се случи, иако Зоран Заев од собраниската говорница им се заблагодари на сите оние кои ветиле дека ќе дадат глас во Собранието. Тој им се заблагодари на БЕСА, ДУИ, ДПА, одметнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Панчо Минов кој, според Заев се „вградил“ во уставните измени. Јавноста токму овие пратеници, кои добија мандат благодарение на гласовите на граѓаните кои беа против промена на името, ги смета како најодговорни за промената на уставното име. На листата на одметнатите, сега се прилучува и Панчо Минов.
Оттука се појавува и сомнежот, а се потврдуваат и шпекулациите дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на името, поради тоа што сеуште нема договор помеѓу БЕСА на Касами и премиерот Зоран Заев во однос на нивните барања.
Откако спикерот Џафери ја прекина седницата и го закажа продолжението за утре, пред Собранието заврши протестот организиран од „Македонија блокира” и „Тврдокорни” и закажан е нов протест за утре во 12 часот.
Седницата продолжува утре во 13:00 часот.

loading...