Закани со бомби во 134 училишта во Србија

Дојави за експлозивни направи утрово биле испратени до многу основни и средни училишта во Србија, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Упатени се предупредувања на е-маил адресите на 134 основни училишта во Нови Сад, Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија, се вели во соопштението.

Екипи на МВР се на терен.

До завршување на проверките наставата ќе се одвива онлајн, а откако ќе се потврди дека нема опасност, учениците ќе бидат вратени во училиштата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.