Закиселениот лук со сигурност ќе ги воодушеви сите кои ќе го пробаат.
Потребни состојки:
• 1 шолја бел вински оцет
• 1 лажиче сол
• половина лажиче шеќер
• мајчина душица
• неколку зрна бибер
• излупени чешниња лук
Начин на подготовка:
Во помало тенџере на оган ставете оцет, шеќер и сол, оставете да зоврие и додајте ги зачините.
Во претходно стерилизирана тегла, наредете ги чешнињата лук и прелијте ги со оцетот додека е сè уште топол.
Добро затворете и чувајте на собна температура и до два месеци.
Вака закиселениот лук најдобро оди како салата со ладни предјадења, но вие слободно можете да му најдете и друга креативна намена.