Законот предвидува 30 дена за промена на податоци во патни исправи

Loading...

Од пред три години Министерството за внатрешни работи почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа, иако Законот стапи на сила уште во 2007. година. Непроменетото моминско презиме на невестите во пасошот може ги чини од 100 до 500 евра.
Како што информираат од МВР, токму поради оваа причина до сега постојано се изрекуваат прекршочни мерки, а казните изнесуваат најмногу 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.
Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикуваат на разговор со инспектор, а доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Доколку глобата не се плати во рок од осум дена, прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

 

loading...