Закрепнува обвинетиот за терористичкиот напад во Бостон

Здравствената состојба на 19-годишниот Џохар Царнаев обвинет за учество во терористичкиот чин за време на Бостонскиот маратон е подобрена, а лекарите велат дека е на задоволително ниво, јави Reuters во вторникот навечер повикувајќи се на изјава на јавниот обвинител на Бостон.Претходно, состојбата на Џохар Царнаев кој во престрелката со полицијата при обидот за негово апсење по 24-часовна масивна потера во бостонското предградие Вотерстаун ноќта кон саботата се здоби со две прострелни рани во вратот и во ногата, беше оценета како многу сериозна.Царнаев, поради раната во вратот можел да изговори само збор. Царнаев беше прелиминарно сослушан во болницата пред судијката Мариан Боулер. Во текот на сослушувањето комуницирал со климање на главата и покрај тоа што е ранет во вратот успеал да изговори само „не” кога судијката го прашала може ли да се дозволи адвокат. Следното сослушување е закажано за 30-ти мај.Претходно, претставници на американските власти изразија сомневање дека Царнаев кога и да е ќе може усно да одговора на прашањата.Царнаев е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување и намерно уништување имот со помош на експлозиви што предизвикало загинување на луѓе. За секое од овие кривични дела предвидена е смртна казна или доживотен затвор, како и парична казна од 250 илјади долари. Неговата одбрана побара да се одложи разгледувањето на можноста Царнаев да биде ослободен со кауција и да се брани од слобода.Адвокатот Стивен Џонс, чиј поранешен клиент добил доживотна казна исто така обвине за тероризам, смета дека „доколку помалдиот брат (Џохар) ги расветли околностите за наводната вмешаност (во терористичкиот напад), на неговиот постар брат (Тамерлан), тоа би биле вредни инфроамции коишто би ги посакувала американската влада“. Според адвокатот, обвинетиот може да ја префрли вината врз неговиот брат и да се надева на помилување како млад човек, кој подлегнал на влијание.Како што претходно во вторникот објави американската телевизиска мрежа СNN, Џохар Џарнаев, обвинет за учество во двојниот терористички напад за време на Бостонскиот маратон од 15-ти април во кој загинаа три лица а 264 се ранети, на истражителите им соопштил дека нападите ги осмислил неговиот брат Тамерлан, како и дека ниедна меѓународна терористичка група не била вклучена во нив.Мајката на браќата, го опиша, пак, својот постар син 26-годишниот Тамерлан Царнаев како „водач“ и „човек со силна волја“, кој може да влијае врз луѓето. Според неа, помладиот брат Џохар во се` го слушал својот брат. „Што ќе кажеше Тамерлан, тоа беше закон за Џохар, јас ги воспитав така. Што ќе каже постариот брат, помладиот е должен да го стори. Тоа е во согласност со исламот“, изјавила 45-годишната Зубејдат К. Царнаева.Џохар Царнаев е згрижен во истата болница во која се згрижени и ранетите во нападот. Околу 57 лица сé уште се во болницата, од кои две се во критична состојба.За да извлечат што е можно повеќе информации, и во крајна линија да дознаат дали браќата Царнаеви дејствувале сами или имале мрежа која стои зад нив, истражители го применуваат „исклучокот за јавната безбедност”, за да го испитаат. Таа мерка значи дека за Царнаев нема да важат следните неколку дена правата наречени „Миранда”, коишто му дозволуваат да се брани со молчење, како и да може да биде испитуван без присуство на адвокат.Претходно во неделата некои американски сенатори, повеќето републикански, побараа на Џохар Царнаев иако во 2012 година станал американски државјанин, да се примени статусот на непријателски борец. Со таквиот статус, кој се применува за затворените во злогласниот американски затвор во американската воена база во заливот Гвантанамо на Куба, лицето може неограничено и без судски процес да биде држено во затвор.
МакфаксЗдравствената состојба на 19-годишниот Џохар Царнаев обвинет за учество во терористичкиот чин за време на Бостонскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: