Залутано зрно од ловџиска пушка завршило во рака на човек на нива

На 03.08.2024 во 09.45 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 08.15 часот во нива, на место викано „Брестика”, атар на село Долни Балван, општина Карбинци,  А.М.(33) од с.Чардаклија-штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: