Заменик-министерот за здравство Муса си поднесе оставка, тврди дека митото било стапица

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса денес си поднесе оставка откако во јавноста се појави видео снимка на која тој зема мито од пациент. Тој не сакаше да одговори на новинарските прашања и си замина од прес – салата на Владата.
Во изјавата што ја даде, Муса тврди дека ова е намерна стапица за да му се наштети . “Пациентот“, како што рече, инсистирал да дознае колку чини интервенцијата, а Муса го информирал дека интервенцијата за странски пациенти е приватна.
“Овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во која било форма. Секој граѓанин кому сум му служел, секој пациент и соработник, јасно знае дека ова е намерна стапица за да ми наштети мене. Нема да дозволам овие 23 години инвестиции во професионалноста и семејниот кредибилитет да биде нарушен со ваква намерна стапица, бомбастични информации со лажни наслови, кои не се реални, а тоа може да се види од снимката“, рече Муса.

 

 

Loading...