“Замрзната“ Белата палата

Loading...

По барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.
Со оваа мерка се забранува отуѓување на имотот или давање под закуп. Дејствијата се преземени во рамки на предметот “Талир“, затоа што постои веројатност до завршување на постапката имотот да биде отуѓен.

loading...