Замрзнато ирско кафе за најголемите љубители на кофеинот

Loading...

Уживајте во викендот!
Потребни состојки (за две сервирања):
Силно црно кафе, оладено
335 милилитри слатка павлака
90 милилитри ирско виски
1 лента чоколадо, стопено


Начин на подготовка:
Ставете го кафето во стандарден калап за лед и замрзнете го. Во друг калап ставете дел од слатката павлака. Од останатата слатка павлака направете шлаг пена и тргнете ја настрана.
Земете 4 коцки од замрзнатото кафе и ставете ги во блендер, каде што ќе го додадете и вискито. Матете додека не добиете пенеста смеса. Потоа додајте 2 коцки од замрзнатата слатка павлака и изматете заедно со една лажица чоколадо. Спојте ги двете смеси и декорирајте со шлаг пена и течно чоколадо. Повторете за второто сервирање…

loading...
Loading...