Замрзнат имот и забранети финансиски трансакции на осомничените во Империја

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка го замрзнал имотот на осомничените во случајот Империја на СЈО. По барање на обвинителството, судот „определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката“.

Исто така биле привремено забранети финансиски трансакции на фирмите кои се сомничат и судот им наложил на повеќе банки да го запрат одливот на пари од сметките на фирмите.

Во случајот Империја се осомничени бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и нивни соработници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.