Западот и Русија се договараат за сириските преговарачи

Loading...

Французите и Американците работат со Русите на составување список од сириски функционери кој би вил прифатлив за преговорите со сириската опозиција, изјави во вторникот францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

 
Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус во своето излагање во вторникот попладне пред комисијата за надворешни работи на Националното собрание рекол дека последните седмици работеле, но дека се уште не е составена листата од сириски функционери коишто би ги прифатила Сириската национална коалиција (SNC), пренесува AFP.
Фабиус нагласил дека шефот на сириската коалиција, Ахмед Моаз ал-Катиб изјавил дека е подготвен да разговара „со некои елементи од режимот”, освен со сирискиот претседател Башар ал-Асад, откако пред еден месец беше критикуван поради изјавата дека е подготвен за преговори и со претседателот.
По редовниот состанок во Женева, каде што се бара излез од двегодишната крвава сириска криза, меѓународните учесници продолжуваат различно да го толкуваат договорот постигнат на 30-ти јуни 2012 година. САД и Франција сметаат дека сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да отстапи од власта за да се создадат услови за преговори и дека иднината на Сирија е без него, додека Русија и Кина сметаат дека Сиријците мораат самите да решаваат за својата иднина без никакви условувања, особено од надвор.
Францускиот министер Фабиус, исто така, ги потсетил пратениците дека Франција и Велика Британија се залагаат за ублажување на ембаргото за оружје за Сирија донесено од Европската унија коешто автоматски се продолжува на секои три месеца, последен пат на 1-ви март, односно дека се залагаат за директно доставување одредена воен помош за сириската вооружена опозиција, меѓутоа дека тоа не го поддржале европските партнери во Брисел.
Фабиус рекол, како и што речиси истовремено и британскиот премиер Дејвид Камерон изјави пред тамошниот парламент, дека не е никаква тајна дека Франција размислува за еднострано укинување на ембаргото за оружје за Сирија.
Според неименуван француски функционер, целта на укинувањето на ембаргото е снабдување на сириските бунтовници со средства за противвоздушна одбрана, односно ракета земја-воздух, против авионите и хеликоптерите на сириската владина армија. Додал дека „на опозицијата и' е потребно вооружување за да се спротистави на воздушните напади”.
Макфакс
Французите и Американците работат со Русите на составување список од сириски функционери кој б

loading...