Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека италијанскиот претседател Серџо Матарела

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Италија, политиката на проширување на Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и во Европа.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија за македонските евроинтеграции, порача дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.