Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за искрената словачка поддршка за македонските евроинтеграции и посочи дека нашиот пристапен процес започнува во критичен момент за европската безбедносна архитектура. Тој изрази очекување од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова да одржат заедничка прес-конференција во 11:10 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.