Започна со производство најголемата соларна електрана на ГЕН-И во Северна Македонија

ГЕН-И ја финализираше изградбата на досега најголемата соларна електрана во Северна Македонија и ја приклучи на мрежа во септември, 4 месеци пред дадениот рок. Електраната со вкупно 17 MW ќе произведува 25000 MWh зелена енергија што би можела да снабдува над 5500 македонски домаќинства.

Започна со производство најголемата соларна електрана на ГЕН-И во Северна Македонија

Скопје, 10 октомври 2022 – Групацијата ГЕН-И доби право за изградба на 10 MW, 5 MW и 2 MW соларна електрана во областа Амзабегово преку владиниот тендер – Отворена постапка во 2019 година. Оттогаш компанијата ја развиваше деградираната област и изгради соларна електрана со големина на 30 фудбалски игралишта. Република Северна Македонија е важен партнер во извршувањето на проектот, како клучна, стратешки засегната страна, но и како директна договорна страна, а почетокот на оперативноста претставува важна пресвртница за експанзијата на ГЕН-И кон изградба на големи соларни електрани, како и клучен придонес во зеленото сценарио на Република Северна Македонија, според Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија.

„Денес започнува со работа новата, најголема досега, 17MW соларна електрана. Со оваа инвестиција правиме чекор напред кон иднината, кон енергетската независност, кон зајакнувањето на зелената економија и подобрувањето на животниот стандард.Денеска кога целиот свет е исправен пред енергетска криза, обезбедуваме чиста енергија, добиена од нашето македонско сонце, која ќе снабдува над 5500 македонски домаќинства. Поставуваме курс за тоа како треба да изгледа државата во иднина кога зборуваме за производство на енергија и зелена индустрија и економија која се стремиме да ја креираме.Северна Македонија е партнер од доверба, денес сме дестинација која инвеститорите ја преферираат затоа што тука препознаваат партнер, најдобра поддршка и услуга. Како одговорна Влада, се бориме за секој денар нова странска инвестиција во државата – чекор по чекор, инвестиција по инвестиција.Честитки до групацијата ГЕН-И, посакувам успешна работа и уште многу зелени инвестиции“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Групацијата ГЕН-И е една од најбрзо растечките и најиновативните компании на европскиот енергетски пазар. Групацијата прерасна во меѓународна корпорација присутна на повеќе од дваесет европски енергетски пазари на големо, има водечки пазарен удел на словенечкиот пазар за снабдување и напредни услуги што ја поддржуваат дигиталната зелена трансформација на енергетскиот систем и општеството.

„Важноста на инвестициите во зелена енергија и намалувањето на зависноста од фосилните горива во денешно време се поочигледни од кога било. Мило ми е што ГЕН-И е во првите редови во овој сегмент, не само во Словенија туку и на меѓународно ниво. Северна Македонија секогаш беше важен пазар за нас и со оваа инвестиција се поврзуваме уште повеќе. Исто така, ова е значајна пресвртница за компанијата, покажувајќи ја нашата волја да ја водиме зелената трансформација и способностите за реализација на проекти за обновливи извори на енергија од големи размери. Благодарни сме на сите вклучени страни кои помогнаа овој проект да биде успешен”, изјави д-р Игор Копривникар, претседател на управниот одбор на Групација ГЕН-И.

Министерот Бектеши кажа дека инвестицијата на ГЕН И е вистински примердека политиките и мерките за енергетска трансформација и зголемување на производство на зелена енергија коишто почнавме да ги спроведуваме пред само три години почнаа да ги даваат своите резултати. 

„Денеска сме сведок за почеток на работа на уште еден енергетски капацитет којшто ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.Нашприоритетпосебно сега во време на енергетскакризае обезбедувањето насигурно снабдување соенергија, економски раст и придвижување кон зелена економија“, кажа Бектеши.

Министерот Бектеши кажа дека ГЕН-И доби 17 од 35 мегавати што беа понудени натендерот од Министерството за економија од Јавниот повик за изградба на фотонапонскицентрали на државно земјиште со премиум тарифа. Со оваа инвестицијата се добиени дополнителни 17 мегавати електрична енергија од обновливи извори,  за споредба во изминатите  30 години во државата се изградени вакви капацитети од само 19 мегавати. Во мрежата годинава се приклучени фотонапонски централи со вкупна моќност од 67,5 мегавати, согласно очекувањата од другите инвестиции кои се реализираат, до крајот на годината треба да се обезбедат вкупно  150 мегавати електрична енергија од соларни централи, без инвестициите во Осломеј. Вкупно во рок од 2,5 години ќе имамеинсталирана снага од над 220 мегавати, а се подготвуваат и нови повици.Согласно овие инвестиции од мај до октомври нашата потрошувачка ќе ја покриваат само инвестициите од обновливи извори на енергија. Електраната се состои од 31772 соларни панели на површина од 300000 квадратни метри со 17MW номинална инсталирана моќност и предвидено производство од 25000 MWh енергија годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.