Заработуваше по милион долари од епизода на „Пријатели”, сега не се препознава

Loading...

Метју Пери, најпознат како Чендлер Бинг од серијата Пријатели, го прослави својот 51 роденден.
Во екот на неговата слава, тој добиваше милион долари по епизода, а жените му се фрлаа. Во последниве години, статиите во весниците за него се поради неговиот изглед и проблемите, а поретко заради неговиот успех на малите и големите екрани. Фотографите премногу често го снимаат со валкана коса, неуредни нокти и во нерепрезентативно издание.
Пери, кој беше номиниран за четири награди „Еми“, никогаш не криел дека се борел со депресија и зависност, а пред две години поминал три месеци во болница.

 

View this post on Instagram

 

Guess who I had lunch with today….I KNOW!! Could I BE any happier? #realfriends

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial) on

Тој ја снимил последната серија пред три години, а филм пред околу десет години. Единствениот успешен филм што го снимил беше ,,Убиецот со мекото срце” со Брус Вилис.
Во 2017 година, тој тврдел дека никогаш повеќе нема да учествува во снимањето на Пријатели.
“Имам кошмар што се повторува. Не се шегувам. Понекогаш имам кошмар од снимањето на Пријатели и никој не се грижи. Работата е дека стигнавме на врвот, не можеме да го надминеме тоа “, рече тој за Vanity Fair.

 

View this post on Instagram

 

The show that thanks to all of you, doesn’t go away.

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4) on


По три години без работа, се премисли.
Долгоочекуваниот собир на „Пријатели“ за снимање на специјалот требаше да се случи на почетокот на годината, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

loading...