Заради морбили затворено хируршкото одделение во болницата во Струга

Епидемијата на морбили не само што не стивнува туку почна и да ги затвора болниците во државава. Во хируршкото одделение во Општата болница Струга се заболени 16 насто од вработените, или поточно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека петмина веќе ги прележале морбилите и тоа се на своето работно место.
Ова го соопшти заменик министерот Асим Муса откако во медиумите излезе информација дека одделението е затворено заради заболување од морбили на 50 насто од медицинскиот персонал. Тој, исто така, додаде дека во Општата болница, 70 насто од вработените се вакцинирани и најави дека оние кои не се вакцинирани во најкус период ќе бидат вакцинирани со МРП вакцина.
Во соопштението од Министерството за здравство се наведува дека хируршкото одделение ќе биде затворено една седмица, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита, со тоа што ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.

 

Loading...