Заразата се шири дома- Нема дополнителни мерки за затворање на граничните премини

Loading...

Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
Буквално, посочи, сите земји се со одредени ограничувања.
– Посебно со затворањето на угостителските објекти нема смисла за дополнително затворање на границите. Значи нема таква мерка за затворање на граничните премини, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.
За мерката која ја разгледуваат односно солидарно возвраќање кон српскиот народ заради вакцините кои ни ги дадоа како донација, рече дека тоа е нешто кое се развива како идеја и дополнително ќе го разгледаат на одредени состаноци на владините институции, пред се мислам на Економскиот совет, а понатаму ќе дојде на Владата.
Појасни дека се размислува за летниот период, а тоа е јуни, јули и август кога се очекуваат српските граѓани да бидат наши туристи во државата, но и еден значаен дел поминуваат покрај или преку нашата земја кога одат во Грција, Бугарија, Албанија на одмор. Така што, потенцира, 20 евра е трошкот за патарините по 35 000 граѓани се 700 000 евра.
– Но, секако проценките за вкупно транзитирање граѓани треба да ги видиме во годините кога имало Ковид лани и во годините кога немало, колку биле вкупно за да ги донесеме одлуките. Механизми постојат, а тоа е дополнително давање винетка на возило со српска регистерка табличка со српски пасош на возачот. Со самата винетка му се ослободува на последната трака на патарината слободен влез кој го отчитува самиот систем. Механизмите постојат, но имаме дополнително време, април и мај се пред нас за носење таквите одлуки, а Владата ќе ги надокнади изгубените приходи на ЈП за државни патишта од самите патарини. Верувам дека ќе претставува нешто што најмалку можеме да направиме за да возвратиме заради тоа што да се даде помош и да се сподели со нешто кое недостига насекаде во светот со својот сосед е посебно за почит и не постои друг начин како да се возврати ни од блиску, но најмалку што можеме да направиме е да возвратиме кон српскиот народ заради тоа што тие вакцини не само што дојдоа во време кога ни требаа, туку и чинат пари, а ги добивме како донација, додаде Заев.-

loading...