Заразен со коронавирус е вработен во македонската Влада, повеќе колеги во изолација

Loading...

Во одговорот од Владата потенцираат дека сите вработени кои имале непосреден контакт со заболениот вработен се во изолација.
-Владата на Република Македонија уште од самиот почеток на појавата на Коронавирусот Covid-19 во земјава ги презеде сите мерки за заштита на здравјето на вработените и за намалување на потенцијалните ризици во работењето.Поради утврден случај на вработен во Владата на Република Македонија, позитивен на Коронавирусот Covid-19, се преземени засилени мерки на заштита и превенција, со што работните процеси продолжуваат со редовна работа. Сите вработени во Владата на Република Македонија кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Владата на Република Македонија му посaкува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува неговото враќање на работа.

loading...