Засилено присуство на полиција во Косовска Митровица

Loading...

Поради сè почестите инциденти во северниот дел на Косовска Митровица, зајакнато е присуството на полицијата, соопшти заменик-регионалниот директор на косовската полиција, Ергин Медиќ.Според него, во северниот дел на Косовска Митровица, поради последните инциденти и кривични дела, на сила се зајакнати мерки на безбедност кои подразбираат контрола на возила и лица, особено во вечерните часови.Полицијата своето присуство го зголеми во мултиетничките зони на градот како што се Босанско маало и населбата Три солитери, додава Медиќ.„Согласно тоа во зоната на одговорност на полициската станица Митровица-Север распоредени се поголем број полицајци кои се на асистенција на своите колеги распоредени во полициските станици Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток“, вели Медиќ и додаде дека вакви мерки ќе останат на сила и понатаму.На северот на Косово во последните два месеца забележани се повеќе од 20 сериозни инциденти, кои полицијата ги окарактеризира како загрозувачки по општата безбедност.Во тие инциденти напаѓачите користеле експлозив, рачни бомби и различни видови огнено оружје.Само во последната недела во северниот дел на Косовска Митровица регистрирани се повеќе такви кривични дела, а најсериозниот се случи на 4 февруари, кога рачна бомба беше фрлена врз куќата на семејството Вучетиќ во Босанското маало, од која се повредени две деца.Одговорните за овие инциденти се уште не се уапсени.
МакфаксПоради сè почестите инциденти во северниот дел на Косовска Митровица, зајакнато е присуството на полиција

loading...