ЗАСТРАШУВАЧКИ: Повици за Џихад кај велешката Црна џамија, среде Македонија

Loading...

 

ЗАСТРАШУВАЧКИ: Повици за Џихад кај велешката Црна џамија, среде Македонија

Ова е повеќе од страшно. Дали на овие закани ќе реагираат властите, оти очигледно проповедта беше искористена за да се шири омраза и да се повикува на војна против неверниците – џихад. И тоа среде Македонија.

Група верници од исламска вероисповед протестираше пред велешката Црна џамија, против, како што велат, навредите упатени кон Алах, искажани од лице, чиј идентитет од видеото постирано на социјалните мрежи, не може да се открие.

Пред насобраните верници говорат двајца граѓани на Велес, од кои вториот упатува закани со војна.

„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да војуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да војуваат во името на Алах.

Настанот се случи вчера, а според видеото, насобраните верници на неколку пати во текот на говорите извикуваа „Алаху екбер“.

Извор: Аналитикум

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...