Затворена една лента на автопатот Скопје-Велес

Loading...

Заради изведување градежни активности на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино село, денес ќе се изведуваат градежни активности. Поради тоа од 10:00 до 13:00 часот ќе биде затворена левата коловозна лента, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
На самото место е поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

 

loading...