Затоплувањето може да отвори нови арктички пловни патишта

Loading...

Најбрзиот пат за превезување стоки од Азија д источниот брег на САД во 2050 година би можел да оди преку Арктикот, имајќи предвид дека, според истражувањата, глобалното затоплување може да отвори нови поморски патишта низ областите кои сега се оковани со непробоен мраз.

 
Повеќето од поморскиот сообраќај меѓу Азија и Америка засега се одвива преку Суецкиот или Панамскиот канал, а така најверојатно ќе продолжи дури и доколку топењето на Арктичкиот океан го направи далечниот север многу попристапен.
Сѐ повисоките температури може да отворат нов северозападен премин северно од Канада што, исто така, би бил економски исплатлив поморски пат кој засега само понекогаш е прооден и претставува директен пат преку Северниот пол, се наведува во истражувањето на американската Национална академија за науки, пренесува Reuters.
Северниот морски пат, кој главно минува крај северните брегови на Русија и е примарниот арктички пловен пат и натаму ќе биде одржлив, се наведува во студијата од истражувањето кое го спроведе Лоренс Смит, професор по географија на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелс.
Пловниот пат преку Арктокот и во иднина би бил сезонски, ограничен на периодите од годината кога мразот би станал потенок. Минатиот септември, на пример, американскиот институт за истражување на снегот и мразовите, објави дека топењето на мразот на Арктичкиот океан достигнало рекордно ниво, уште повеќе што Арктикот е едно од местата на Земјата коешто набргу се затоплува.
Макфакс
Најбрзиот пат за превезување стоки од Азија д источниот брег на САД во 2050 година би можел да

loading...