ЗАХАРОВА: ИЗЈАВИТЕ НА БОЛТОН ЗА ДРЖАВНИ УДАРИ БАРААТ РЕАКЦИЈА И АНАЛИЗА

Изјавите на поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон, за учество во организирање на државен удар во странство, се апсолутно нови сознанија што бараат анализа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Не се сеќавам некој, кој бил на таква висока позиција и кој бил директно одговорен за меѓународната политика на САД, јавно да зборува дека се занимавал со планирање државни удари во други земји, истакна Захарова.
Марија Захарова: ИЗЈАВИТЕ НА БОЛТОН ЗА ДРЖАВНИ УДАРИ БАРААТ РЕАКЦИЈА И АНАЛИЗА

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји.

– Не се сеќавам некој, кој бил на таква висока позиција и кој бил директно одговорен за меѓународната политика на САД, јавно да зборува дека се занимавал со планирање државни удари во други земји, истакна Захарова.

Според неа, тоа „подразбира, секако, реакција“ и „си бара понатамошна анализа“.

– Затоа што важно е да се знае во кои други делови на светот, САД планирале државен удар, подвлече Захарова.

Подолу прочитајте што изјави Болтон:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.