Зачинети компири печени во рерна

Loading...

Вака приготвените компири можете да ги комбинирате со риба, месо или да ги јадете со свежа салата.
Состојки:
– 2 кг компири
– 2 лажици пченкарно брашно
– 2 лажици пченкарен гриз (палента)
– 1 лажица сув зачин од билки
– 1 лажица црвен пипер
– малку сол
– куркума
– маслиново масло
Подготовка:
Измијте, излупете и избришете ги компирите со сува крпа.
Исечете ги по должина на четвртини. Ставете ги во поголем сад.
Во посебен сад измешајте го пченкарното брашно, палентата, црвениот пипер и сите други зачини.
Додадете ги компирите и добро измешајте.
Ставете хартија за печење во плех и вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени Целзиусови.
Наредете ги компирите, прелијте ги со маслиново масло, ставете повеќе помеѓу компирите и ставете да се печат.
Дури откако компирите ќе се „исушат“ одозгора (по околу половина час) извадете ги од рерната и свртете ги, а потоа вратете ги во рерна додека не се допечат.
Добар апетит!

loading...
Loading...