За Анѓушев поскапувањето на лебот не е алармантно

Цената на основниот прехранбен артикал – лебот се покачи за 20 насто, или од 2 до 3 денери по векна, како каде. И се уште не секаде, цената ја покачиле 3-4 пекари, на другите места уште се продава по истата цена. Владата ја следи состојбата и засега нема потреба од интервенција на пазарот, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според него, цената на одредени пекарски производи е зголемена поради сушата и малиот род на жито годинава, но вели дека ситуацијата во моментов не е алармантна. Ниту тоа што поскапеа само наевтините видови леб, не загрижува? Се прашува ли некој кој го купува најевтиниот леб? И колку векни на ден купува едно такво семејство, зошто ако има доволно финансии за да купи и нешто друго од храна, сигурно не би купувало од најевтиниот леб.
„Секако ние ќе ја пратиме ситуацијата и ако видиме дека тоа има посериозен импакт на сите останати пекарски производи генерално ќе интервенираме од страна на државните резерви со житни производи. Имаме доволно резерви. Тие се купени со соодветни цени домаќински е направено. Ќе реагираме на време ако тоа земе поголем замав…”, рече вицепремиерот Анѓушев.

Loading...