За вкупно 179 лица поведена постапка заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија

Loading...

Основните јавни обвинителствата до овој момент повеле постапки и донеле одлуки за 179 лица кои не постапиле согласно здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Службата за односи со јавноста на републичкото Јавно обвинителство.
На веб страницата на ЈОРМ може да се види збирната информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус КОРОНА – 19 (informaczija-azhurirana-do-30-mart-2020 (2).

loading...