За Германија најголем предизвик се кинеската и руската индустриска шпионажа

Loading...

Шефот на германското воено разузнавање вели дека еден од главните предизвици на неговата служба бил заштитата на одбранбените проекти од индустриската шпионажа на кинеските и руските тајни служби.

 Досега германската контраразузнавачка служба беше многу помалку присутна во јавноста,од другите две поголеми германски безбедносно разузнавачки агенции, BND, која собира странски разузнавачки информации, и BfV којашто е задолжена за разузнавање на домашната територија.
Шефот на германското воено разузнавања, Улрих Биркенхајер во интервјуто објавено во понеделникот во весникот Die Welt вели „шпионажата против меѓународните одбранбени проекти” претставувала предизвик кој постојано се зголемува, со странските агенти кои настојувале да соберат информации за воените испитувања на новите одбранбени проекти во Германија.
„Руските и кинеските тајни служби и натаму настојуваат да регрутираат германски војници. Тоа мораме да го истражиме и да го спречиме”, вели во интервјуто Биркенхејер што е првото појавување во медиумите во 57-годишната историја на германското воено разузнавање.
Германските разузнавачки служби беа сериозно критикувани по откривањето во 2011 година на мала ултрадесничарска келија, наречена Националсоцијалистичко подземје, која убила девет имигранти и полицајка, изведе бомбашки напад и ограбила 14 банки низ Германија во текот на десет години без да биде откриена.
Биркенхејер вели дека таа афера ја убедила неговата разузнавачка агенција „дека е корисно да му ја објасниме нашата задача и нашата работа на надворешниот свет”.
Во германското воено разузнавање има 1.150 вработени, додал неговиот шеф, и агенти во седум странски држави, вклучувајќи ги и Авганистан, Косово и Џибути, каде што германските војници учествуваат во меѓународни воени мисии.
Макфакс
Шефот на германското воено разузнавање вели дека еден од главните предизвици на неговата служба бил заштитата на одбра

loading...