За една година заштедила 28.000 евра, следејќи ги овие правила – обидете се и вие!

Loading...

Дали и вие би можеле да ги почитувате овие правила? Оваа девојка тврди дека за една година заштедила 28.000 евра – еве како.
Лара Џоан Џарвиш заштедила 28.000 евра во текот на една година, следејќи ги јасните правила за штедење.
Оваа сопруга и мајка, која што советува како да ги заштедите вашите пари, парите кои што ги заштедила ги вложила во првата куќа која што наскоро ќе ја купи со својот сопруг.
Нејзиниот сопруг исто така учествувал во предизвикот кој што траел една година. А, кога се навикнале на петте единствени правила, предизвикот и не бил толку многу тежок за нив.
За оние кои што се подготвени да се откажат од луксузот за да си помогнат, Лара открила мали тајни на штедењето.


Чекај 30 дена
„Живеам според ова правило. Кога одлучив во текот на 2019-та година да не купувам ништо освен основните работи за живот, навистина се чувствував чудно. Доколку посакам нешто друго тогаш треба да почекам 30 дена. Доколку и по 30 дена го сакам, тогаш ќе го купам. На овој начин избегнав компулсивно пазарење. Често се случува нешто да купиме, а да не размислиме претходно за тоа“.
Планирање на оброкот
„Планирањето на оброкот не само што го отстранува стресот туку го поставува прашањето: „Што ќе јадеме денес“ и секако дека помага во штедењето пари затоа што сте поорганизирани“.
Користете пари во готово
„Кешот е многу поефектен од платежната картичка или пак плаќање по телефон. Поради овие замени парите ја губат својата вредност и многу е полесно да ги потрошите“.
Кога ви се допаѓа некоја облека тогаш фотографирајте ја
„За луѓето кои што сакаат да носат убави работи, постои едно правило. Фотографирајте ја облеката доколку ви се допаѓа“.

Секогаш знаете „зошто“
„Кога сме се одлучиле на ваков вид штедење пари, треба да знаете и зошто сте го направиле тоа. Запишете го тоа или пак имајте го во вашите мисли. Прославете ја малата победа која што доаѓа и секогаш знајте ја крајната цел, инаку ќе се изгубите во процесот на штедење“, заклучила Лара.

loading...