За едно попладне стотици мигранти стигнаа на Лезбос (ВИДЕО)

Loading...

Со петнаесетина чамци од крајбрежјето на Турција стотици мигранти стигнаа до источниот грчки остров Лезбос за само едно попладне. Крајбрежната стража потврдила дека 13 чамци со вкупно 546 луѓе во четвртокот стигнале на Лезбос во рок од еден час, а уште 32 луѓе биле спасени на море и пренесени на Лезбос.
Во два наврти уште 65 луѓе биле спасени кај Кос и на море во близина на градот Александруполос, на северот од Грција. Тие биле префрлени во преполниот камп Морија на Лезбос каде има скоро 11.000 луѓе, а капацитетот му е 3.000, соопштила невладинта организција Лекари без граници.

loading...