За Ибрахимовиќ споменик во Малме

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Лос Анџелес Галакси ќе добие споменик во Шведска, пренесува “АС“. На иницијатива од шведската фудбалска асоцијација одлучено е споменикот да биде во Малме, родниот град и матичниот клубот на шведскиот напаѓач. Ќе биде поставен меѓу стариот и новиот стадион на локалниот клуб, висината на статуата ќе биде 2,7 метра, тежина околу 500 кг, а ќе ја изработи скулпторот Питер Линд.

Loading...