За лажниот проповедник Миленка и неговите кози

Има еден човек кој во народот се претставува како патриот, радикал, националист итн… Сите го знаете храбриот Миленка козарот. Тој што повикува секогаш на протести, а оди само каде што делат гратис сендвичи. Миленка во една емисија повикуваше на кампување пред Собрание, но додека кампуваа искрените патриоти како Филип Петровски, Жаре, Бачев, Олумчев, Миленка си остана гушнат со неговото стадо кози и Шарпланинци можеби имало и нешто повеќе.
Миленка повикуваше на блокирање на булевари, но кога се блокираа булеварите низ Скопје Миленка повторно со козите и Шарпланинците, љубов не е зафрканција. Миленка е присутен само на протести и настани каде што има сендвичи и медиуми, да си каже збор два, да се слика на кратко и да замине пак кај козите.
Миленка како патриот никогаш го нема во вистинските моменти, да гласен е пред тастатурата, повикува на протести, револуции на кои и сам не присуствува. Миленко е тука да потикне луѓе кои ќе ги втурне во беља, но тој секогаш е на страна. Луѓето добиваат кривични пријави, се судираат со полицијата, а Миленка херојот пак со козите.
Сега Миленка козарот и курирот од Брисел ја промовираат секретарката Тања од Демократска алтернатива за претседател. Не е важен капацитетот, важно е да е од стадото на Миленка, на него да му се бендисало. Така е во кај нас некој ја брани Македонија од Брисел, некој за сендвичи, а некој за кариера. Додека чесните патриоти беа на барикадите пред собранието со недели, блокираа булевари, се гураа со полицијата, Миленка статуси пишуваше и памет продаваше.
Реалноста е поинаква, кога нема сендвичи стадото удира и по газдара. Вистината треба да се знае, без разлика кој колку гласно ја кажува.

Loading...