За минус 5 килограми: Летна диета со лубеница

Loading...

Нема подобро природно освежување од лубеницата. Има голем процент вода и малку калории (20 на 100 грама). Ако сакате да симнете неколку килограми пред да облечете костим за капење или едноставно сакате да се чувствувате полесно, а да го постигнете тоа за неколку дена, односно недели, има еден рецепт: да се движите секој ден, односно да имате некоја физичка активност + диета со лубеница.
Поради витамините А, Ц и Б6, како калиумот со кој изобилува, диетата со лубеница нема да го намали дневниот внес на витамини и минерали, а воедно ќе го спречи задржувањето вишок вода во организмот.


А еве ја и диетата:
Појадокот е ист секое утро и секој ден треба да испиете по 12 чаши вода, чај или свежо цеден овошен сок.
ПОЈАДОК: 1 парче лубеница, 50 грама тост, 1 чаша изладен чај
1 ДЕН
Ручек: 100 грама варено говедско месо, 100 грама варен ориз со сос од домати, едно парче лубеница
Вечера: 50 грама сирење, 1 парче тост, лубеница по желба
2 ДЕН
Ручек: Едно парче тост, односно двопек, 50 грама варени пилешки гради (или мисиркини), 1 парче лубеница
Вечера: 100 грама варена риба или риба од скара, 1 парче двопек, 1 парче лубеница
3 ДЕН


Ручек: 30 грама шпагети со сирење и домати, лубеница по желба
Вечера: мешана салата (домати, краставици, кромид и зелена салата), 1 парче лубеница
4 ДЕН
Ручек: Супа од зеленчук, 1 парче двопек, 50 грама варено пилешко, 1 парче лубеница
Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба
5 ДЕН
Ручек: 500 грама варено говедско месо со шампињони, лубеница по желба
Вечера: 50 грама свежо сирење, 2 парчиња тост (двопек), лубеница по желба.

loading...