За нашите постари браќа: Нѐ нервирате, ама многу ве сакаме

Да се има постар брат понекогаш не е воопшто лесно. Тоа е така бидејќи тие често се строги кон нас, но тоа ни помага да бидеме силни во животот. Постарите браќа се најдобриот подарок кој сме го добиле во животот. Тие се наши заштитници, иако не го покажуваат тоа на наједноставниот начин.
Тие се грижат секогаш да бидеме среќни
Не само што им се „закануваат“ на сите оние кои ќе се обидат да не потрудат, туку и поради тоа што ни покажуваат дека секогаш заслужуваме подобро. Ни даваат совети кои некогаш се груби, но тие секогаш ја кажуваат вистината и го мислат најдоброто за нас. Нивното мислење навистина ни значи многу.


Ги чуваат нашите тајни
Тоа е тешко особено пред нашите родители, но тие ги чуваат нашите тајни. Често не прекоруваат за нашите грешки, но ни дозволуваат да ги правиме и секогаш се тука за да ја заштитат и зачуваат нашата тајна. Не ни судат, но секогаш ќе прават шега за незгодите и неволјите во кои сме влегле досега.
Секогаш се тука за нас, без оглед на сѐ
Знаеме дека секогаш можеме да сметаме на нив. Тие нѐ учат како да се биде добар пријател и како секогаш можеме да имаме некој на кого можеме да сметаме во нашите тешки моменти. Тие се личноста на која можеме секогаш да се потпреме и да и се јавиме во секој дел од денот.

Loading...