За пат на Марс се пријавиле 10.000 луѓе

Loading...

За само 24 часа, откако една непрофитна организација објави дека бара доброволци кои ќе заминат на Марс, знаејќи дека никогаш нема да се вратат, се пријавиле 10.000 луѓе.Плановите се  уште на почеток, а треба да се најдат и спонзори за патувањето да може да се одржи за десет години.„Денеска тргнуваме во потрага по жители за Марс. Бараме луѓе од сите нации. Првата посада ќе слета во 2023 година, а потоа една екипа секои две години“, објави директорот на фондацијата Mars One, Бас Лансдорп, со што го отвори конкурсот.И веќе се пријавиле 10.000 заинтересирани. Бегството од Земјата преку ноќ стана популарно. Првата четиричлена посада патува за девет години, а до Марс ќе патуваат седум месеци. На црвената планета се ќе биде подготвено за нивниот живот. „Секој голем чекор значи ризик. Да се пратат луѓе на друга планета е голем чекор. Ќе ги одбереме, ќе им ги кажеме ризиците, а тие ќе кажат дали ќе заминат или не“, вели Лансдорп.Колонизацијата на Марс е бесплатна. Оние кои ќе одлучат да ја напуштат Земјата, повеќе не можат да се вратат. Стануваат жители на Марс, а воедно и учесници во реално шоу.Нивниот живот ќе се следи со камери, а ќе се емитира на Земјата.„Тие луѓе ќе живеат во мали единици за сместување за четири лица. Ќе мора да бидат сигурни дали е тоа место и време да станат родители.  Ние мислиме дека на деца треба да се одлучат дури откако ќе има 30-тина луѓе на Марс“, појасни Лансдорп.Кандидатите мора да бидат прилагодливи, упорни, креативни и толерантни. Се бараат од сите нации, а бидејќи жителите ќе поминат на забрзан курс по англиски јазик. Целта е да се направи колонија која ќе се шири. Натпреварот за пат без враќање трае до крајот на август.
МакфаксЗа само 24 часа, откако една непрофитна организација објави дека бара доброволци кои ќе заминат на Марс, знаејќи дека

loading...
Loading...