За прв пат во историјата: „Макфест“ под отворено небо, штипска „Пастрамајлијада” откажана

Loading...

Фестивалот „Макфест” оваа година слави 35 години од постоењето, јубилеен фестивал којшто и пред да започне оваа состојба со коронавирусот се планираше да биде посебен заради тоа што тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите.
-Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест” за првпат да се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода”, кадешто ќе се одржат две фестивалски вечери. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест” од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.
Дополнително оваа година нема да се одржи настанот „Пастрамајлијада” поради состојбата со вирусот Ковид 19.

loading...