За пречекорена брзина и алкохол во Скопје казнети над 200 возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.06.2019 година во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.